ДУИ чека резултати за Струга и за Кичево

Гласање за локалните избори во Кичево.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва се заблагодари за поддршката и на членството му посочи дека треба совесно и одговорно да се однесува како и досега.

„Во Кичево ДУИ води со 1.600 гласа. Во Тетово со 3.600 гласови, 70 проценти од избирачките места во Гостивар, исто така, води ДУИ“, рече Ахмети и ги нагласи дека ДУИ победил во првиот круг во Дебар, Желино, Пласница, Боговиње, Чаир и во Сарај, како и во Липково.

Во втор круг одат во Студеничани, Брвеница, Јегуновце, а се очекуваат резултатите од Струга, исто така и за Кичево, каде, како што рече, се во водство.