СДСМ - Голем број неправилности на изборите

Архивска фотографија.

СДСМ укажа на голем број неправилности за време на денешното гласање.

„Голем број граѓани не можеа да го остварат уставно загарантирано избирачко право, регистрирано е семејно гласање, фантомски гласачи, бугарски воз, обид за заплашување, недостаток на изборен материјал“, рече потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

Тој рече дека сè е евидентирано од правниот тим на СДСМ и дека е добро што на денот на изборите немаше поголеми физички инциденти.

Георгиев очекува масовниот одѕив што е забележан на овие избори во споредба со оние во 2009 година да се одрази на изборниот резултат.

„Тој треба да биде своевидна заверка на политичкото расположение во државата. Одѕивот е навистина резултат на волјата на граѓаните и е најдобар одговор на сите изборни маипулации што се правеа“, рече тој.