Во Струга до 17 часот гласале 57 отсто од регистрираните избирачи

Во Струга излезноста до 17 часот била високи 57 отсто, информира Општинската изборна комисија во овој град. Според политичките партии на Македонците, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои настапуваат со заеднички кандидат, излезноста на Македонците надминува 65 отсто. Во соседен Охрид, каде изборите течат исто така во мирна атмосфера, излезноста до 17 часот е 64,62 отсто од вкупно регистрираните 50.686 избирачи.