Фудбал: Македонија-Белгија, меѓу гледачите и Платини

Македонската фудбалска репрезентација вечер во Скопје игра против селекцијата на Белгија, во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година. Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути, а меѓу гледачите во свечената ложа ќе биде и претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој денеска свечено ќе ја отвори Куќата на фудбалот во Скопје, новото седиште на Фудбалската федерација на Македонија.
На табелата во нашата квалификациска група водат Белгија и Хрватска со по 10 бодови, а зад нив се Македонија и Србија со по 4.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра во вторник со вечерашниот противник, но во Белгија.