Пакистанската влада за прв пат целосно го исполни мандатот

Пакистанскиот премиер Раја Первез Ашраф

Пакистанската цивилна влада е првата во историјата на земјата која го заврши својот мандат од пет години. Премиерот Раја Первез Ашраф ги призна неуспесите на владата, но истакна дека завршувањето на мандатот значи победа за демократијата во земјата.
Демократски избраната влада во заминување мораше да се соочи со низа проблеми, како континуираните напади од исламските милитанти, природни катастрофи и неможноста да се обезбеди редовно снабдување на енергетски резерви.