Папата сака „сиромашна Црква за сиромашните“

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франческо вели дека сака Црквата да бидe сиромашнa и да им служи на они кои се погодени од сиромаштија. Тој денеска на новинарите им изјави дека би сакал „сиромашна Црква за сиромашните.“ Тој додаде дека неговото папско име е во чест свети Фрањо Асишки од 13-ти век кого го опиша како „човек на сиромаштијата и човек на мирот. “ Папата беше избран на 20 март, откако неговиот претходник, Бенедикт Шеснаесетти, стана првиот папа што во изминативе 600 години си поднесе оставка. Двајцата треба да се состанат во папската палата следната недела.