Меѓународните кредитори со закана кон Грција за приватизацијата

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Меѓународните кредитори се заканија со затворање на Агенцијата за приватизација на Грција доколку во следните два до три месеци не покаже резултати. Тие три години ја набљудуваат работата на агенцијата и нејзиното постојано пролонгирање на роковите за приватизациските процедури. Агенцијата пред извесно време оддавала тајни податоци за компаниите кои треба да се приватизираат.
Приватизацијата е едно од барањата на ЕУ, Европската Централна Банка и ММФ за Грција. Приходите од приватизацијата годинава треба да изнесуваат 2,6 милијарди евра.