Повторно црн чад од Сикстинската капела

И денеска црн чад од оџакот на Сикстинската капела во Ватикан, што значи дека повторно не е избран новиот Папа. 115-те кардинали денеска, доколку биде потребно, четири пати ќе гласаат, два пати претпладне и два пати попладне. За да биде избран некој од кандидатите за Папа, треба да добие две третини од гласовите.