Земан од денеска и официјално претседател на Чешка

Милош Земан

Денеска 68 годишниот Милош Земан и официјално ја презема функцијата претседател на Чешка од неговиот претходник 72 годишниот Вацлав Клаус. Поранешниот социјалдемократски премиер Земан е трет претседател на самостојна Чешка, но прв кој е избран на директни избори. Од осамостојувањето на земјата претседателите Вацлав Хавел и Вацлав Клаус беа избрани во парламентот. Евроскептикот Клаус кој како претседател мина два петгодишни мандата, во вчерашното проштално телевизиско обраќање до нацијата вети дека ќе остане во политиката и оти ќе продолжи да се бори за Чешка без комплекси на мала земја која, како што рече, мора да ги исполнува желбите на моќните.