Задари во посета на Иран поради гасоводот

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари ќе отпатува во Иран за да присуствува на церемонијата со која ќе се одбележи почетокот на изградбата на гасоводот кој ќе ги поврзува двете земји. Според соопштението, Задари ќе пристигне во Иран во понеделник.
Цевководот кој ќе биде долг 780 километри ќе пренесува гас од Иран до Пакистан и покрај противењето од страна на САД. Пакистанските власти соопштија дека имаат неоходна потреба од енергетски извори, а Иран се понуди на земјата да и позајми третина од парите кои се потребни да се изгради гасоводот, кој ќе чини околу 1,5 милијарди долари.