Папата Бенедикт XVI ја следел божјата волја

Папата Бенедикт XVI.

Папата Бенедикт XVI во неговото последно обраќање како папа пред околу 100 илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан рече дека со повлекувањето ја следел божјата волја. Тој рече дека се повлекува од здравствени причини. Папата Бенедикт XVI ќе се повлече на 28 февруари, а ден претходно ќе го има последното појавување како папа. Тој е првиот папа што се повлекува по околу 600 години. Ватикан соопшти дека се надева дека нов папа ќе биде избран пред Католичката црква да почне да ги слави велигденските празници на 31 март.