Средба на Дачиќ и Тачи во Брисел

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе го продолжат дијалогот под патрон на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

На петата рунда од политичкиот дијалог главна тема ќе бидат институциите на северот на Косово и статусот на офицерите за врска во Белград и Приштина.

На 6 февруари, претседателите на Србија и на Косово Томислав Николиќ и Атифете Јахјага ја одржаа својата прва средба откако Косово прогласи независност. Косово во неделата одбележа пет години од самопрогласената независност од Србија.