Пожар на Бит пазар во Скопје

На Бит пазар во Скопје ноќеска, околу 1 часот, избувнал голем пожар. Со пламенот кој се издигал од Пазарот се справувале десетици пожарникари, со најмалку десет противпожарни возила, јавуваат македонските медиуми. Сеуште не се познати причините за пожарот .