Генералниот секретар на НАТО Расмусен во Сараево

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за време на денешната посета на Сараево ќе разговара со претставници на Босна и Херцеговина за перспективите на членството на таа земја во Алијансата и за решавањето на прашањето на воениот имот. Тој ќе се сретне со претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, со претседавачот на Советот на министри Вјекослав Беванда и со министерот за надворешни работи Златко Лагумџија.