Етно-збирка во Режановце прерасна во музеј

Етно музеј во кумановското село Режановце.

Во новоотворениот Музеј на народни носии во кумановското село Режановце има над илјада експонати и збирки на народни песни.
Новоотворениот Музеј на народни носии, со над илјада експонати и збирки на народни песни, во кумановското село Режановце, на три километри од градот, во дворот на православниот храм Свети Јован Опсечениот, е резултат на дведецениската макотрпна работа на протоѓаконот Златко Давитковски.

Музејот за кој Златко сонуваше или како што тој вели, 20 години бил во искушение и до неговиот денешен лик беше посетуван од добронамерници и донатори не само од нашата, туку од сите држави на Балканот, па и подалеку.
Првата носија е од мајка ми. Ми ја подари сестра ми Анѓелина. Носијата е стара 120 години, а тешка е над 20 килограми. Кога 1969-та година од Крива Паланка дојдов во црквата најдов неколку скутници и перници и тоа ми даде идеја. Имам над 800 народни носии, илјада експонати, 400 килими со народни шари.
Златко Давитковски, потѓакон.

А Златко со широка насмевка и со љубезност ги пречекуваше сите, не делејќи ги ниту по вера, ниту по нација. Затоа и во Музејот подеднаков респект имаат носиите носени од православни, католици, муслимани.. Овој неуморен човек во остварување на неговите идеи кои како белег ќе опстојуваат и во иднина, има уште планови. Да се прошири објектот, но да се направи и спомен соба.

„Првата носија е од мајка ми. Ми ја подари сестра ми Анѓелина. Носијата е стара 120 години, а тешка е над 20 килограми. Кога 1969-та година од Крива Паланка дојдов во црквата најдов неколку скутници и перници и тоа ми даде идеја. Имам над 800 народни носии, илјада експонати, 400 килими со народни шари.“

А Владимир Јаневски специјалист за народни носии и народни ора вели:

Има над илјада предмети од кои голем дел се од минувачите кои доаѓале и ги оставале. Имавме проблем да ги класифицираме, а тие потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.
Владимир Јаневски, специјалист за народни носии и народни ора.


„Веќе неколку години работевме на оваа збирка. Има над илјада предмети од кои голем дел се од минувачите кои доаѓале и ги оставале. Имавме проблем да ги класифицираме, а тие потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Таа класификација моравме да ја направиме по македонските етнографски целини. Бидејќи овдека доаѓаат луѓе и од целиот Балкан, па моравме да ги поставиме македонските, но и носиите на балканските народи.“

На самата поставка има носии од Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Албанија. Сепак најголем дел од носиите се од македонската етнографска целина.

„Објектот е мал но е преубав за една ваква збирка. Сепак, мораме да бидеме многу задоволни со овој објект, а и тој и другите придружни треба да претставуваат едно етно село кое ќе функционира со етнолог и истражувачки центар. Зашто Златко Давитковски не е само собирач на народни носии и реквизити,туку е и собирач на народни песни. Тука има и збирка на народни песни која е интересна за етно музиколозите,односно за фолклористите“, вели Јаневски.

Жителите на селото Режановце се гордеат со црквата, со изворите со лековита вода, со Музејот и благодарни се на Златко за сето она што тој го прави за селото.

„Повеќе народ се собира. Добро е.“

„Супер е што може да се доживее. Ова го нема секаде. Ова е заслуга на Злате.“

„Ни го прослави селото Режановце.“

„Можеме да го поздравиме Златко за неговиот труд што го вложувал подолго време.“

И Златко не го крие задоволството за Етно музејот, но погледот му талка некаде во далечина. Нема да изненади со некоја нова идеја, со нешто по што ќе го паметат возрасните, а младите ќе имаат можност да научат за минатото.