Жена го гаѓаше рускиот националистички политичар Владимир Жириновски со кисела зелка на денешната прес-конференција во Киев. Таа го обвини Жириновски за „украинофобија“. Претседателот на руската Либерално-демократска партија Жириновски е познат по неговите контроверзни ставови во однос на Украина, Казахстан и некои други поранешни советски републики. На прес-конференцијата тој ја повика Украина да развива поблиски односи со Русија, наместо „да стане членка на ЕУ од втор ред“.
Жириновски гаѓан со кисела зелка во Украина
Претседателот на руската Либерално-демократска партија Владимир Жириновски гаѓан со кисела зелка во Украина.