Мозокот на Ариел Шарон покажал активност

Ариел Шарон

Израелски и американски научници соопштија дека мозокот на поранешниот премиер Ариел Шарон покажал значајна активност. Шарон е во кома од јанаури 2006 кога имаше мозочен удар.
Снимките од магнетната резонанца покажале активност откако на Шарон му биле покажани фотографии од семејството и му била пуштена аудио снимка од неговиот син.
Сепак, докторите сметаат дека се мали шансите 84 годишниот Шарон да излезе од кома.
Шарон беше десничар и премиер од 2001 до мозочниот удар во 2006. Тој ги повлече израелските трупи и населеници од појасот Газа во 2005 година.