Црногорска полициска единица ја тужи државата

Околу 80 припадници на црногорската Посебна единица на полицијата ќе ја тужат државата Црна Гора заради неисплатени приходи за прекувремена работа и работа во неработни денови како и заради неисплатени дневници за разни обуки, доусовршување и вонредни ангажирања. Тие бараат да им се исплатат бонусите за прекувремена работа и ноќна работа, работа во верски и државни празници, ангажирање во други црногорски градови вон местото на живеење или други држави, со камати почнувајќи од 2005 година, јавуваат црногорските медиуми.
Црногорскиот Закон за приходи на државни службеници овозможува заработката на припадниците на таа полициска единица да биде по 40 отсто повеќе за прекувремена работа и работа ноќе и 50 отсто бонус за работа во државни и верски празници.