Делегација на пакистанската влада ги почна преговорите со исламскиот свештеник Мухамед Тахир-ул-Кадри кој неделава организираше големи антивладини протести во Исламабад. Демонстрантите бараат демократски и антикорупциски реформи. Кадри, кој неодамна се врати во Пакистан откако долги години живееше во Канада, ги отфрли шпекулациите дека има поддршка од моќната пакистанска армија.
Пакистанската влада почна преговори со влијателен исламски свештеник
Исламскиот свештеник Мухамед Тахир-ул-Кадри зборува на протестите во Исламабад.