СДСМ - Ако нема волја за дијалог ќе ги прошириме блокадите

Јани Макрадули.

Доколку власта не покаже добра волја за дијалог и излез од политичката криза, од понеделник опозициските блокади на улиците ќе се зголемуваат, како по бројност, така и по времетраење, најави денеска Јани Макрадули од СДСМ. Коалицијата „Сојуз на иднината“ предводена од СДСМ денеска продолжи со блокадите на крстосниците низ Скопје. Половина час беше блокирана крстосницата кај владата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на Макрадули апелира опозицијата да се врати во Собранието и политичката дебата да ја насочат во институционална рамка.