Се утврдуваат причините за пожарот на Македонска Пошта

Увидни екипи на МВР ги утврдуваат причините за пожарот што вчера ја зафати главната зграда на АД „Македонска пошта“ - Скопје, а на местото се уште е присутен и пожарникарски тим.
Благоја Менковски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје изјави за МИА дека синоќа пожарникарите професионално и на време интервенирале во, како што посочи, еден од поголемите пожари во Скопје.
Опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Во гаснењето на пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот и 30 минути учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила. Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во „Македонска пошта“.
Едно лице синоќа е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради тешкотии при дишењето, и лицето е во стабилна здравствена состојба.
Поради оштетувањата на зградата, управата на АД Македонска пошта - Скопје ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.
Директорот на Македонска пошта Рафиз Алити изјави дека поштата нормално ќе работи