Протест против Црвенковски во Скопје

Поранешниот генерален секретар на подмладокот на СДСМ Михаил Младеновски најави дека на претстојните локални избори ќе настапат со независни кандидатски листи, незадоволни од последните одлуки на СДСМ. Тој, заедно со група млади луѓе, денеска побара оставка од претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Незадоволството од од работата на Црвенковски, тие го изразија и преку акција насловена „Денар за Бранко“, што ја организираа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Акцијата, според Младеновски, симболично означува дека на Црвенковски му се важни само моќта и парите.

СДСМ, неколку пати повторува дека Младеновски работи по нарачка на владејачката партија.