Се урна хеликоптер на украинската полиција- 5 загинати

Во несреќата на хеликоптер на украинското министерство за внатрешни работи во централниот дел на земјата, загинале 5 лица. Хеликоптерот од типот Ми-8 се урнал во регионот Кировоград синоќа, непосредно по полетувањето од аеродромот во градот Александрија.
Тројца од загинатите биле членови на екипажот, а другите двајца биле задолжени за одржување.
Претставник на министерството соопшти дека е во тек истрагата за причините за несреќата.