Хашим Тачи ја критикуваше платформата на српскиот претседател

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека планот на српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на проблемот со Косово е неостварлив. Тој истакна дека платформата е „продолжување на старите планови на Белград во однос на Косово“, иако Николиќ сè уште нема соопштено детали за платформата. Тачи на вчерашната седница на косовската Влада оцени дека тоа е антиевропски план, кој го враќа Белград назад во процесот за нормализирање на односите со Приштина.