Претседателски избори во Јужна Кореја

Сеул - Претседателските кандидати

Во Јужна Кореја се очекуваат резултатите од денешните претседателски избори, на кои, за прв пат можен победник е и жена. Парк Гиун Хи, кандидатка на владејачката конзервативна партија и нејзиниот против-кандидат Мон Јае Ин, имаат речиси изедначени шанси за победа. И двајцата кандидати најавија поголем ангажман во врска со Северна Кореја.