Путин:Американскиот закон Магнитски е „непријателски“

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени како „непријателски“ американскиот закон за санкционирање на руските функционери кои се обвинети за кршење на човекови права. Тој во својот денешен говор пред пратениците во Москва изрази поддршка за рускиот закон со кој се предвидува забрана за влeз во Русија и замрзнување на финансиските сметки во земјата на американски граѓани кои се обвинети за кршење на човекови права на Руси. Тој истакна дека рускиот одговор нема да оди подалеку од законот. Путин изјави дека реакцијата на Москва треба да биде соодветна но не претерана. Американскиот закон е донесен на 6 декември и е именуван според рускиот антикорупциски адвокат и активист за човекови права Сергеј Магнистки кој почина во притвор во 2009 година. Активисти за човекови права го обвинуваат Кремљ за неуспешната истрага за случајот.