Сè потешки и понеостварливи услови

За опозицијата одлуката е очекувана, со став дека проблемот не треба да се бара надвор. Власта жали што нема датум за преговори, но велат дека Македонија и натаму се движи кон ЕУ и оти процесот продолжува.
Најелаборирани заклучоци досега изнесе Советот на министри на ЕУ за Македонија и не е прв пат да сме соочени со опструкција. Вака министерот за надворешни работи Никола Поповски ја оцени вчерашната одлука. Според него, значајно е тоа што се нагласени сите остварувања на Македонија и тоа што земјата има поддршка од европските лидери.
Клучното е дека се уште во овој момент немаме определено единица мерка во метричкиот систем за добрососедство, она што беше искористено како предтекст за наметнување на опструкции, но каква и да биде таа мерка, Македонија е шампион во таа дисциплина.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.


„Фактот што се определува определена динамика може да претставува значаен придонес. Фактот што имаме заклучоци кои даваат определена перспектива, може исто така да се види како определена придобивка. Клучното е дека се уште во овој момент немаме определено единица мерка во метричкиот систем за добрососедство, она што беше искористено како предтекст за наметнување на опструкции, но каква и да биде таа мерка, Македонија е шампион во таа дисциплина.“

Според вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи новитет во овој заклучок е дека ЕУ ја напушта статичноста од своите самити во декември и ни ја дава рамката во која ние фактички би ги отвориле преговорите со Унијата.

„Значи процесот кој го започнавме со дијалогот на високо ниво, го продолжуваме со подготвувањето рамка за преговори со ЕУ, каде што Европската Комисија до април 2013 година треба да го информира Европскиот Совет за напредокот на реформите, особено во делот на прашањата кои беа покриени со дијалогот на високо ниво.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Теута Арифи за одлуката на Советот на министри на ЕУ


Стево Пендаровски од дипломатскиот совет на СДСМ вели дека формулациите кои ни се дадени се најтешките во политичка смисла од 2008 година од букурешкиот Самит, бидејќи не само името туку и други две точки-Високиот пристапен дијалог и добрососедските односи се експлицитно наведени.
Не знам на што се темелеше претходниот оптимизам во некои медиуми и во некои политички кругови, па дури и во делови на македонската влада, кога беше јасно дека таа пречка поставена пред четири години на Самитот во Букурешт е прилично висока за нас за да ја прескокнеме. Мислам дека лошо се менаџираше со очекувањата во изминатиот период.
Стево Пендаровски, диломатски Совет на СДСМ.


„Не знам на што се темелеше претходниот оптимизам во некои медиуми и во некои политички кругови, па дури и во делови на македонската влада, кога беше јасно дека таа пречка поставена пред четири години на Самитот во Букурешт е прилично висока за нас за да ја прескокнеме. Мислам дека лошо се менаџираше со очекувањата во изминатиот период. Инаку после грчкиот меморандум што ни го испратија пред месец и половина беше јасно дека за наша жал дека тоа ќе биде некоја стартна основа за преговори, бидејќи ние одговоривме на сосема поинаков начин и предложивме одговор за кои тие кои во овој момент се внатре сметаат дека е незадоволителен, јасно беше дека ќе се случи тоа што вчера се случи во Брисел.“

Претседателот на ЛДП Андреј Жерновски вели дека не може да разбере од каде кај владата беше присутен оптимизот дека може да очекуваме некој сериозен исчекор во евроинтеграциите на Македонија.
Тоа се определби на Советот на министри на ЕУ кои се крајно непринципиелни неприфатливи и нема граѓанин во Република Македонија што би прифатил такви услови кои се тешки за исполнување.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.

„Особено не може да не радува, тоа што гледаме некакво коалицирање на соседите против Република Македонија, но мислам дека е многу важно да не ја бараме грешката секогаш на другата страна, туку да почнеме да ја бараме грешката и кај нас и да бараме со што ние ги предизвикуваме тие реакции.“

Лидерот на Демократскиот сојуз, кој е и владин партнер Павле Трајанов, вели дека Советот на министри на ЕУ крајно непринципиелно ја условува Македонија прифаќајки ги ставовите на Грција.

„Тоа се определби на Советот на министри на ЕУ кои се крајно непринципиелни неприфатливи и нема граѓанин во Република Македонија што би прифатил такви услови кои се тешки за исполнување. Мислам дека Република Бугарија направи голема грешка која ќе се одрази на вкупните односи помеѓу Македонија и Бугарија, но и на состојбите на Балканот со тоа што на еден начин ја поддржува Република Грција. “

Од ДПА велат дека не може одлуката да се сфати позитивно ако имаме реално ситни чекори кон ЕУ, а огромни чекори кон Истокот.