Лидерите на ЕУ официјално треба да ја примат Нобеловата награда за мир

Лидерите на ЕУ денеска официјално треба да ја примат Нобеловата награда за мир. На церемонијата во Осло се очекува да присуствуваат дваесетина европски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Нобеловиот комитет во октомври објави дека ЕУ ја добива наградата затоа што во изминатите повеќе од шест децении го поттикнала мирот на континентот опустошен од војни. Критичарите се потсмеваат на изборот, велејќи дека ЕУ е организација која се потпира на воената сила. Посочуваат дека Унијата не успеала да ги запре крвопролевањата на просторите на поранешна Југославија во 1990-тите и оти се соочува до најголемата финансиска криза.