Нови судири во Каиро, тројца загинати

Поддржувачите и противниците на египетскиот претседател Мухамед Морси се судриле вчера во Каиро. Министерството за здрваство соопшти дека три лица загинале, а 350 се повредени во судирите околу претседателската палата, откако двете групи се гаѓале со молотови коктели.
Противниците на Морси го обвинуваат дека креира нова автократија со зголемувањето на претседателските овластувања.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека е неопходен итен дијалог за новиот устав, кој треба да ги почитува правата на сите граѓани. Египетскиот потпретседател Махмуд Меки нагласи дека амандманите на спорните членови на уставот би можеле да бидат донесени во согласност со опозицијата, пред референдумот планиран за 15 декември.