Попоски: бугарските предлози, одлична основа за добрососедски односи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Скопје го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје Иван Петков. Нагласувајќи дека стратегиски интерес на Македонија и на регионот во целина е интеграцијата во евроатлантските структури, министерот Попоски, како што е соопштено по средбата, потенцирал дека изнесените предлози и иницијативи од неговиот бугарски колега Младенов биле одлична база за градење добрососедски односи.