Попоски очекува Грција да се согласи со констатацијата на ЕК

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел изјави дека очекува поддршка од сите земји членки на ЕУ за донесување одлука во декември во согласност со препораките на ЕК за почеток на пристапни преговори на Македонија за членство во Унијата. Тој додаде дека очекува дека Грција ќе се согласи со констатацијата на Комисија дека почетокот на пристапни преговори позитивно ќе влијае за изнаоѓање на решение за македонско-грчкиот спор за името. Попоски истакна дека земјата е подготвена за интезивирање на разговорите за името и дека е потребно час поскоро да се дојде до решение согласно меѓународното право.