Хејг:САД да се фокусираат на прашањето на Блискиот Исток

Британскиот секретар за наворешни работи Вилијам Хејг ги повика САД да преземат поактивна улога во запечатувањето на договорот меѓу Израелците и Палестинците, предупредувајќи дека тоа е може последната шанса за конечно решение за овие две земји. Тој за Би-Би-Си изјави дека сега е време за да се вложи поголем напор до цел изнаоѓање на конечно решение за мировниот процес на Блискиот Исток. Хејг истакна дека по изборите во САД треба да покаже лидерство во следниве неколку месеци, бидејќи тие го имаат пресудното влијание врз Израел што ниедна друга земја го нема.