Германската пиратска партија ќе ја „репрограмира демократијата“

Германската пиратска партија на денешниот конгрес најави дека ќе ја „репрограмира демократијата“. Десет месеци пред националните избори, речиси 2 илјади членови на партијата за слободен интернет се состанаа денеска да изнајдат заедничка платформа за клучните општествени прашања за економија, надворешна политика и социјални прашања. Пиратската партија влезе на политичката сцена во 2006-тата година со нековенционално ветување за он- лајн базирана демократија. Партијата сега има седиште во берлин и челнови кои доаѓаат од три други држави.