Обид за копија на Брејвик во Полска

Полските власти уапсија човек за кого се сомневаат дека подготвувал терористички напад против државното раководство. Осомничениот планирал да активира автомобил бомба пред Парламентот кога председателот, премиерот и неколку министри и пратенците ќе бидат во зградата. При претрес на домот на осомничениот пронајдени се експлозивни материјали и голема количина оружје. Јавниот полски обвинителот соопшти дека осомничениот не е дел од политичка група но неговите мотиви биле потикнати од „национализам, антисемитизам и ксенофобија. “ Државната телевизија повикувајќи се на извори од истрагата јавува дека приведениот осомничен сакал да го копира делото на Андрес Брејвик кој минатата година уби 77 луѓе во Норвешка.