Тензиите во Газа растат, стравување од нова војна

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Експлозија го потресе Градскиот стадион во Газа откако израелската влада одобри мобилизација на 75 илјади резервисти, како подготовки на теренот за можна инвазија врз Појасот Газа. Откако неколку ракети истрелани од Газа го погодија јужен Израел, а беа истрелани проектили и кон Ерусалим и Тел Авив, израелската војска распореди антиракетни сили во областа на Тел Авив. Портпаролот на израелската армија изјави дека војниците се подготвуваат за долга борба долж границата со Појасот Газа. Reuters video