Најавени штрајкови во Шпанија, Португалија, Италија и Грција

Архивска фотографија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барцелона за време на генералниот штрајк на 29 март 2012 година.

За денеска се најавени штрајкови против мерките за штедење во јужна Европа. Во Шпанија и во Португалија се одржува првиот координиран штрајк на Пиринејскиот Полуостров. Ќе биде прекинат транспортот, авионите ќе бидат приземјени, а училиштата ќе бидат затворени. Претседателот на најголемиот шпански синдикат Фернандо Токсо изјави дека координираниот штрајк е „историски момент во синдикалното движење во ЕУ“. Најголемиот синдикат во Италија повика на неколкучасовен прекин на работата во земјата. Исто така, и најголемите синдикати на јавниот и на приватниот сектор во Грција повикаа на тричасовен прекин на работата. Протести за поддршка се најавени и на други места во Европа.