Македонски економски раст од 0 или 2 отсто?

Предлог буџетот за 2013 година не е ништо друго освен обид, со извртување на начинот на презентирање на работите, да се сокријат фактите за досегашната лоша економска политика, како и за безидејноста за преземање на различна економска политика во иднина. Ова го изјави претседателот на економско- социјалниот совет на СДСМ Ванчо Узунов. Тој истакна дека следната година единствено нешто што ќе расте во Македонија е задолжувањето, а стапката на раст ќе изнесува околу нула.
На ова реагираше владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека буџетот е реално испланиран со економски раст од 2 отсто и претставува соодветен одговор на европската криза и случувања во еврозоната. Во писмената реакција е наведено дека исказите на СДСМ не може да се сметаат на друг начин освен како потреба за политичко манипулирање.