Во Прага почнува четиридневен состанок на Парламентарното собрание на НАТО на кој, меѓу другото, ќе се расправа за иранската нуклеарна програма, сиријскиот конфликт, Арапската пролет, кризата во еврозоната и руската внатрешна политика. Пленарната седница е планирана за в понеделник и на неа, меѓу другите, треба да зборуваат, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и премиери на неколку земји, меѓу кои и Никола Груевски.