22 милиони евра кредити за македонските компании

Премиерот Никола Груевски денеска соопшти дека 22 милиони евра од кредитната линија од 100 милиони евра што ја отвори Европската инвестициска банка од утре ќе бидат достапни за компаниите во Македонија. Тој додаде дека парите ќе им бидат достапни на 101 компанија, со кои може да се отворат 480 работни места. Груевски истакна дека Владата е подготвена при исцрпување на оваа кредитна линија да обезбеди нова, со субвенционирана камата од 5,5 проценти, која ќе претставува директна помош за македонските компании во време на должничка криза.