Во некои американски држави легализирана марихуаната

Гласачите во американските сојузни држави Колорадо и Вашингтон се изјаснија за легализација на марихуаната, додека во државите Маин, Вашингтон и Мериленд беше изгласан предлогот за овозможување на истополни бракови. Легализацијата на марихуаната во Колорадо и Вашингтон е во спротивност со федералните закони, според кои тоа е илегална дрога.