Самарас бара позитивно гласање за мерките за штедење

Грчката влада денеска ќе го достави пакетот мерки за штедење и буџетот до Парламентот. За мерките треба да се гласа во среда и да бидат одобрени, со цел земјата да добие финансиска помош од ЕУ и ММФ за да избегне банкрот.
Помалиот коалициски партнер Демократската левица одби да ги поддржи зголемувањата на даноците и намалувањата на трошоците во вредност од 13,5 милијарди евра, затоа што тие се поврзани со мерки кои ќе ги намалат платите и ќе го прекинат нивното автоматско зголемување.
Но, се очекува партијата на Самарас Нова демократија и најголем дел од пратениците на коалицискиот партнер ПАСОК да гласаат за мерките и со тесно мнозинство, сепак, да ги усвојат.
Пратениците потоа на 11 ноември треба да го усвојат буџетот за 2013 година што ќе доведе до добивање на следната транша од заемот во висина од 31,5 милијарди евра и ќе ги замолкне разговорите за излез на Грција од еврозоната, рече Самарас.