Ердоган прославува десет години на власт

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денeска ја прославува десетгодишнината откако е на власт со неговата партија за правда и развој. Ердоган на неговите сопартијци им порача дека успеале да го променат начинот на кој Турците размислуваат за политика.
Тој изјави и дека успешно ја предизвикал улогата на војската како самоназначен чувар на државата. Според него, државата нема потреба од чувар, а ни на нацијата не и е потребна дадилка.