Ураганот Сенди оштети брана во близина на Њујорк

При налетот на ураганот Сенди попуштила брана во округот Берген на неколку километри од Њујорк и во тек е евакуација на жителите, соопшти полицијата.
При инцидентот нема жртви но причинета е материјална штета.
Американксиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Њујорк и Њу Џерси откако ураганот вчера го погоди источниот брег на САд. Најмалку 16 луѓе загинаа досега во САД и Канада. Ураганот предизвика рекорди поплави, а околу 3 милиони луѓе остана без струја.