Давутоглу: Турција нема да води дијалог со сирискиот режим

Турција нема да води дијалог со сирискиот режим кој го масакрира својот народ за време на голем муслимански празник, изјави денеска министерот за надворешни рабори Ахмет Давутоглу. Неговите коментари следуваат по апелот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Минск за дилагој меѓу двете земји за надминување на недоразбирањата. Давутоглу додаде дека Турција нема да преземе мерки со кои што би можеле да им дадат легитимитет на властите во Сирија. Според податоците на активистите за човекови права за време на празникот загинале 500 луѓе, а во Турција се сместени околу 100 илјади бегалци од Сирија.