Грузија сака да ги подобри односите со Русија

Бидзина Иванишвили

Новата грузиска министерка за надворешни работи Маја Панџикидзе денеска изјави дека владиниот став за Абхазија и Јужна Осетија ќе остане непроменет. Таа пред паралментарниот комитет изјави дека „нормализирањето на односите со Русија е еден од врвните приоритети на владата “. Таа додаде дека „додека руските амбасади оперираат“ меѓу двата региони “возобновување на дипломатските односи меѓу Тбилиси и Москва е невозможно“. Таа беше именувана за министер од милијардер Бидзина Иванишвили кој е на чело на коалицијата „Грузиски сон “ која победи на парламентарните избори на 1-ви октомври. Русија ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија по кратката руско-грузиска војна во 2008-та година.