Македонија и Косово со ИПА договор за прекугранична соработка

Теута Арифи, Аиво Орав

Македонија и Косово денеска во Скопје ќе потпишат финансиски договор за Програмата за прекугранична соработка ИПА 2011. По повод потпишувањето на договорот вреден вкупно 600.000 евра, ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав, косовскиот министер за европска интеграција Вљора Читаку и шефот на операции при Канцеларијата на ЕУ во Косово Кристоф Сток. Потенцијални корисници на програмата се непрофитни организации, локални и регионални власти, асоцијации, фондации и стопански комори. За периодот 2007, 2013, ЕУ одвои преку 25 милиони евра за финансирање проекти на пет прекугранични програми меѓу Македонија и Грција, Албанија, Косово, Бугарија и земјите членки на ЕУ.