Придонесите на Охридскиот рамковен договор за турската заедница

Енес Ибрахим – Претседател на НВО Уфук.

Младите кои очекуваа правда никогаш не ја добија. Можеби овие млади доколку имаат прилика овој неправеден режим ќе го урнат со правдата која не можат да ја добијат, пишува Енес Ибрахим, претседател на НВО Уфук во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Со распаѓањето на СФР Југославија и спроведениот референдум на 8 септември 1991 година, заедниците кои живеат во Македонија се изјаснија за независна и суверена држава. Целта на поголемиот дел од политичарите на независна и суверена Македонија е демократска и економски успешна држава, членка на ЕУ и НАТО. За време на војната во 1999 година, Македонија прифати голем број на бегалци од Косово. Тогаш Македонија помина низ еден многу тежок политички и економски период поради слабата економија.
Охридскиот рамковен договор од политичарите се користи за политички пазарења и, за жал, политичарите манипулираат со младите Турци врз основа на овој Договор. Сите ветувања кои се дадени на младите Турци не се остварија. Меѓутоа, кога еден човек ќе застане на една страна која ја поддржува не може да ја види вистината во светот. Не можеме да очекуваме од турската партија која е на власт да се занимава со проблемите бидејки нема проблеми и исто така таа партија ја гради „подобрата иднина“ на Р.Македонија.

На 10-годишнината од независноста Македонија дојде на работ на граѓанска војна. После оружениот конфликт и престрелките, на 13 август 2001 година со поддршка на меѓународната заедница беше потпишан Охридскиот рамковен договор. Со потпишувањето на Договорот беше подготвена основа за понатамошно заедничко живеење на етничките заедници во земјата. Македонија ја очекуваше поправеден период. Како што кажал Омер Хајам „правдата е духот вселената“. Колку беше праведен овој период за сите е тема на постојана дискусија.

Правдата која ја очекувавме од Охридскиот рамковен договор придонесе за подобрување на состојбите на Албанците кои зазедоа различни места во сите институции. Албанските партии беа постојано во коалиција со партиите на власт, а Турците беа заборавени во спроведувањето. И турските партии зазедоа место во некои коалиции во последните 10 години. Се донесе новиот Закон за јазиците, според кој доколку 20 отсто од населението во општината е од етничките заедници, тогаш тој јазик станува службен јазик на општината.

Донесената граница од 20 отсто негативно се одрази на помалку бројните етнички заедници. Со донесениот Закон турскиот јазик во многу општини беше укинат, односно веќе не беше службен јазик на општината. Во региони каде турскиот јазик беше службен со векови, со Законот за јазиците беше укинат. Охридскиот рамковен договор беше потпишан во 2001 година од две македонски и две албански партии и од специјални претставници на ЕУ и на САД. Турците како и другите помалку бројни етнички заедници при склучувањето на Договорот беа занемарени и не беа земени предвид интересите на турската така и на другите помалку бројни етнички заедница.

После Охридскиот рамковен договор на Албанците и на помалите етнички заедници им беше дадено право на вето и примената на правилото на Бадентер беше озаконета за поважните теми, како што се: култура, религија, јазик и образование. После тоа се цртаа новите граници на општините кои ги групира Албанците по општини.

По период од 10 години од Охридскиот рамковен договор започна да се дискутира за тоа дали Турците со овој Договор ги изгубија постоечките права или се здобија со нови права. Основната функција на Договорот беше правичната застапеност на заедниците. Според ова, секоја заедница во администрација ќе биде застапена според процентот на население. Меѓутоа, во 10-те години кои поминаа можеме да видиме дека не беше направен ниту еден чекор во оваа насока.

Договорот кој беше потпишан во 2001 година стана цел на политички пазарења, на секој почеток и крај на изборите на оваа тема се прават политички пазарења. Меѓутоа, на овие пазарења никогаш на дневен ред не дојде состојбата на турската заедница.

На неколку панел и конференции кои ги организиравме последните години тврдевме дека на Турците во периодот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор им се нанесува неправда, со тоа споделивме и дел од службените документи. За жал, турската партија која е на власт изнесе лажни тврдења со кои сакаше да ја оправда својата работа, според нив тие имаат вработено стотици млади Турци во администрација. После неоснованите тврдења изнесени од турската партија која е на власт беше објавен извештај за напредокот на РМ во ЕУ со кој беа потврдени нашите тврдења, со што се потврди дека ова партија не успева да ги застапува интересите на Турците и најважни за нив се сопствените лични интереси. Оваа состојба ја видоа и припадниците на турската заедница.
Нашите млади образовани кадри кои имаат стекнато високо образование на факултетите за социјални науки, меѓународни односи, правен факултет седат дома и се невработени. Младите кои очекуваа правда никогаш не ја добија. Можеби овие млади доколку имаат прилика овој неправеден режим ќе го урнат со правдата која не можат да ја добијат.

После извештај за напредокот на Македонија, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор при Владата распиша нов оглас за вработување на 250 лица во државната администрација. Според овој оглас, околу 100 млади Турци ќе беа вработени во државната администрација. За жал, оставете 100 млади, со овој оглас не беа вработени ниту 50 млади Турци во администрацијата. Другите заедници го искористија нашиот контингент за вработување. Посебно би требало да нагласиме дека некои од владејачката партија беа подмитени за вработување на младите.

За период од 11 години турската заедница во администрацијата не е застапена ни со 30 отсто во однос на вкупниот процент на население од оваа заедница во државата. За 10 години во голем број министерства немаме ниту еден вработен од турската заедница. Десетици млади кои би требало да работат во администрација седат дома и земаат плата. Како да им се вели седи дома, молчи, земи си ја платата и не работи за твојата заедница. Не ни е јасно кога овие млади ќе напредуваат во кариерата, кога ќе напредуваат во бирократската хиерархија? Или Турците вработени во администрацијата засекогаш ли ќе останат на дното од оваа хиерархија? Доколку не се во служба и на својата заедница дали овие службеници воопшто се потребни на турската заедница? И оваа е посебна тема за разговор. Според некои, Охридскиот рамковен договор им служи само на Албанците. Можеби навистина е така, но не би требало вината да ја наоѓаме во други. Затоа што од склучувањето на Договорот до денес и Турците се во коалиција со владејачката партија. Вината најпрво би требало да ја бараме во самите нас.

Охридскиот рамковен договор од политичарите се користи за политички пазарења и, за жал, политичарите манипулираат со младите Турци врз основа на овој Договор. Сите ветувања кои се дадени на младите Турци не се остварија. Меѓутоа, кога еден човек ќе застане на една страна која ја поддржува не може да ја види вистината во светот. Не можеме да очекуваме од турската партија која е на власт да се занимава со проблемите бидејки нема проблеми и исто така таа партија ја гради „подобрата иднина“ на Македонија.

Турците во сегашната влада се претставени со министер без ресор кој има најнизок степен на образование и е најстар (во години) во однос на другите. Во суштина турската заедница не може ни да очекува нешто од овој министер кој нема никаква функција во Владата на Македонија. Нашите млади образовани кадри кои имаат стекнато високо образование на факултетите за социјални науки, меѓународни односи, правен факултет седат дома и се невработени. Младите кои очекуваа правда никогаш не ја добија. Можеби овие млади доколку имаат прилика овој неправеден режим ќе го урнат со правдата која не можат да ја добијат.