ЕУ нема да ја укине визната либерализација

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ побара на состанокот кој е закажан за 25 октомври да се разговара за итни мерки кои би се спровеле со цел да се запрен напливот од „лажни азиланти “ од Западниот Балкан, но не е побарано да се разгледува повторно воведување на визи. Портпаролката на еврокомесарката Сесилија Малстром, Микеле Черконе изјави дека ситуацијата е многу сериозна и загрижувачка, затоа што безвизниот режим го злоупотребуваат граѓани од сите земји од Западниот Балкан. Таа додаде дека редовниот извештај за визната либерализација ќе биде презентиран следната недела пред Советот на министри на ЕУ.