Брамерц се надева на подобрување во истрагата по јатаците

Главниот обвинител во Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска во Белград изрази надеж дека следните неколку денови ќе дојде до значаен напредок во истрагата за мрежата на луѓе кои ги криеле хашките обвинети. По неговиот состанок со обвинителот за воени злостроства Владимир Вукчевиќ Брамерц изјави дека добил „ветувачки информации“ и оти соработка ќе продолжи. Тој додаде дека соработката на Србија и БиХ во врска со откривање на воените злосторства може да биде подобра.