Обама собра 180 милиони долари за претседателската кампања

Американскиот претседател Барак Обама и Демократската партија собрале 180 милиони долари во септември, за финансирање на претседателската кампања. Тоа е најголемиот фонд собран за еден месец наменет за кампањата во 2012 година. Обама на својот официјален твитер профил напиша дека најмалку 1,8 милиони граѓани донирале за неговата кампања и дека 98 проценти од донациите изнесувале околу 250 долари.
Републикаците се уште не ги објавиле финасиските податоци од кампањата на Мит Ромни.
Анкетите за јавно мислење покажуваат дека трката меѓу Обама и Ромни е заострена по првата јавна дебата која се оддржа минатата среда.